Луксузните модели на Porsche во нов ексклузивен салон

Порше Македонија со гламурозна свеченост го отвори новиот продажен салон во Скопје во кој ќе се продаваат ексклузивните модели на Porsche: Boxster 718, Cayman 718, 911 Carrera, Panamera, Cayenne и Macan. Модерната зграда во која е сместен салонот е дизајнирана според сите стандарди на брендот Porsche. Изложените возила се наменети за сите љубители на спортските автомобили кои што сакаат луксуз, уникатност и авантура, но истовремено бараат и докажан квалитет. Во целост, новиот продажен салон на Porsche нуди спортски автомобили од светскиот супер бренд, како и врвна грижа и услуга за клиентите. Перформансите што ги нуди Порше Центар Скопје синоќа пред гостите беа претставени со ексклузивни 3D проекции. Со овој модерен пристап на претставување пред клиентите, соработниците и партнерите, Порше Македонија уште еднаш докажа дека е на врвот во автомобилската индустрија во земјава.